Дечињата кои беа оставени во возило во Аеродром се однесени во згрижувачко семејство

Двете деца што синоќа беа оставени сами во паркиран автомобил во скопската населба Ново Лисиче се времено одземени од родителите. Децата се сместени кај згружувачко семејство, соопштија од Центарот за социјални грижи.

Како што веќе е објавено, се работи за брат и сестра, на возраст од 4 и 7 години. Таткото ги заклучил децата во автомобилот додека спиеле, па отишол на забава во Ново Лисиче, а според некои информации, и мајката била со него. Децата по кратко време се разбудиле во возилото во кое биле оставени сосема сами и заклучени и плачеле додека не дехидрирале. За среќа, ги забележале други дечиња од населбата кои ги повикале своите родители на помош.

Очевидци велат дека веднаш била повикана Брза помош која ги однела децата во болница, а полицијата го привела таткото од забавата.

Децата беа однесени во Детската Клиника каде е констатирано дека се лесно дехидрирани, што не било последица на престојот во автомобилот, оддавале впечаток на запуштени деца (валкани во нечисти алишта) во свесна состојба, исплашени, но свесни и со уредни витални параметри.