Дечиња спасени од разурнато училиште во Мексико (ВИДЕО)

Мексиканските спасувачи и полицајци и натаму ги бројат жртвите од разорниот земјотрес со јачина од 7,1 степени по Рихтер кој го погоди Мексико. Досега најдени се телата на 225 жртви.

Епицентарот на потресот бил југоисточно од Мексико Сити во државата Пуебла каде загинати се над 100 лица. Градоначалникот на Мексико Сити истакнал дека во градот срушени се над 40 згради, а многу волонтери се наоѓаат околу рушевините и се обидуваат да ги извлечат телата и да пронајдат евентуално преживеани лица.

Една таква акција е забележана со камера кога мажи од разрушено училиште, каде загинаа околу 20 деца, да спасат две дечиња кои го преживеале земјотресот.

Плачот на децата се чини случајно, го слушнале луѓето вклучени во акцијата за потрага на преживеаните.

Драматичната снимка која нема да ве остави рамнодушни погледнете ја во продолжение.