Дечињата во „Срничка“ учеа за важноста на штедењето струја

Во детската градинка „Срничка“, клон „Изворче“ преку практични истражувачки и игровни воспитно-образовни активности дечињата учеа за важноста на штедењето електрична енергија.

Децата имаа можност да научат што е енергија и колку е важна за животот на целата планета Земја, какви извори енергија има, зошто е важно да се штеди и како да се штеди енергијата.

Претставниците од МАЦЕФ им обезбедија на децата и на воспитувачите на градинката илустративни и манипулативни дидактички материјали, кои би можеле и понатаму да ги користат во реализација на активностите за еколошка едукација во раниот детски развој.