![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/12/dozd-sneg-640x360.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со слаб јужен ветер и со појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до девет степени.
До среда ќе се задржи стабилно и суво време со појава на умерена до значителна облачност и претежно со слаб јужен ветер. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, особено на повисоките места и планините.
По котлините, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност, така што дневната температура во овие места ќе остане пониска. Од среда попладне во западните и јужните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.