Германската нуклеарна централа Изар 2 би требало да биде згасната не една седмица за да се отстрани дефектот кој довел до попуштање на еден од вентилите, соопшти Министерството за заштита на животната средина во понеделникот.
Енергетската компанија „Preussen-Elektra“ го известила министерството за попуштање од „помали размери“ не еден од реакторите. Истовремено гарантирале дена „во ниту еден момент не постоела опасност од истекување радиоактивен материјал“.
Компанијата „Preussen-Elektra“, исто така, известила дека поправката нема да биде потребна доколку Изар 2, која е на германскиот југ, кон крајот на годината престане со работа согласно одлуката за откажување од нуклеарната енергија од 2011 година, како што првично беше планирано.
Меѓутоа, поправката ќе биде неопходна доколку владата во Берлин, во рамките на подготовките за евентуалната криза со недостигот од електрична енергија, нуклеарката Изар 2 ќе ја остави во резерва до следната пролетта.
Министерот за економија Роберт Хабек на почетокот од септември најави можност дека две од три преостанатите нуклеарни централи не бидат згаснати кон крајот на годинава, туку да останат во резерва за да бидат искористени при евентуален недостиг.
Како што соопшти германското министерство за заштита на природната средина, по информациите за дефектот на вентилот кој не се затвора целосно и за можна компликација во случај на продолжување на работата на нуклеарката, моментално се разгледува ситуацијата и со министерството за економија се преиспитува претходната одлука Изар 2 да биде ставена во резерва.