Дефекти и прекини во компјутерските системи ширум светот – блокирано работењето на аеродромите, банките, болниците….

Причината за прекините на глобалниот систем е засега е нејасна, но многу од засегнатите ја поврзаа со оперативните системи на „Мајкрософт“. Од компанијата подоцна соопштија дека преземаат мерки за ублажување на проблемите кои предизвикаа технички проблеми и прекини во функционирањето на компаниите ширум светот

Водечки авиокомпании, банки, телекомуникациски компании и медиуми ширум светот од утринава пријавиле проблеми и прекини во ИТ-мрежите.

Авиокомпании, банки и медиумски организации во Австралија, Нов Зеланд, САД и Европа, меѓу другите, пријавија големи проблеми. Колкави се размерите, сè уште не е јасно.

Засегната е и Германија: во главниот град Берлин со часови не полетува или слетува ниту еден авион на аеродромот БЕР во Шенефелд. „Поради технички дефект има доцнења во обработката. Воздушниот сообраќај е прекинат во 10 часот“, изјави портпаролката на аеродромот, објави Дојче Веле.

Неколку дена по почетокот на летните одмори, проблеми биле пријавени и на аеродромот во Хамбург. Погодени се компјутерските системи од четири авиокомпании, изјави портпаролката на аеродромот. Тоа се Еуровингс, Рајанер, Вуелинг и Туркиш Ерлајнс. Авиокомпаниите првично би ги издавале билетите рачно. Дополнителни прекини се пријавени на аеродромите во Австралија, Индија, Чешка, Холандија и САД.

Сѐ уште не е јасна точната причина за масовните нарушувања на ИТ-системите. Можниот извор на дефектот може да биде проблем во американската компанија за  сајбер безбедност Crowdstrike. На телефонската линија за услуги на клиентите на компанијата од американската сојузна држава Тексас била пуштена снимка во која компанијата објавила дека оперативниот систем Мајкрософт се урива во врска со сопствената антивирусна заштита на компанијата, Фалкон.

Американската Федерална управа за авијација соопшти дека сите летови на неколку големи американски авиокомпании – вклучувајќи ги Делта, Јунајтед и Американ ерлајнс – се откажани поради комуникациски проблеми.

Авиосообраќајот на аеродромот во главниот град на Германија, Берлин, бил запрен до 9 часот по средноевропско време. Сите аеродроми во Шпанија, исто така, пријавиле инциденти поради технички проблеми. Проблеми се пријавени и на аеродромот во Амстердам што, исто така, влијае на летовите.

Прекини во ИТ-мрежите се пријавени и од аеродромот во Сиднеј, водечка железничка компанија од Британија, како и од јапонскиот аеродром во близина на Токио и од аеродромот во Делхи во Индија.

Поради технички проблеми, една од водечките телевизиски станици во Велика Британија, Скај Њуз, денеска не емитува програма во живо.

Причината за прекините на глобалниот систем е засега е нејасна, но многу од засегнатите ја поврзаа со оперативните системи на „Мајкрософт“. Од компанијата подоцна соопштија дека преземаат мерки за ублажување на проблемите кои предизвикаа технички проблеми и прекини во функционирањето на компаниите ширум светот.

Во соопштението на „Мајкрософт“ се додава оти се иистражуваат и прашања поврзани со проблем што влијаеше на неколку нејзини апликации и услуги.

Фото: Bloomberg Mercury