Дехари ќе го заменува Муареми на чело на финансовата полиција

Сега веќе поранешниот директор на Управата на финансовата полиија, Арафат Муареми по оставката дефинитивно како што изјави за медиумите дефинитивно заминува од финансовата полиција која ја води четири години и моментално се подготвува да замине на одмор а потоа ќе донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

До изборот  на нов директор функцијата, според ТВ Телма, ќе ја извршува неговиот заменик Бесим Дехари долги години вработен на високи позиции во Министерството за внатрешни работи.

Муареми веднаш по веста дека Републичкиот обинител Љубомир Јовески ја суспендирал Вилма Русковска и уште две обвинителки од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијакои направија претрес во финансовата полиција, изјави дека поднел оставка. Меѓутоа, истовремено беше објавено дека на Муареми всушнот му истекол мандатот, и оти тоа е причината за оставката а не како што напиша тој дека се повлекува за да нема сомнеж дека од позиција на функцијата ќе се обиде да влијае на истрагата за обвинувањата на обвинителството за организиран криминал дека правел злоупотреби користејки ја функцијата.

Муареми отфрла дека со Русковска имале политички судир и вели дека ревизијата утврдила дека претресот во институцијата и во неговиот кабинет Русковска го направила незаконски без да ја коментира нејзината суспензија.