![Official photo of the NATO Secretary General and Heads of State and Government - 2023 NATO Vilnius Summit](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/230711h-001_rdax_775x440s.jpg?resize=696%2C396&ssl=1)
Челниците на земјите членки на НАТО се согласија на самитот во Вилнус дека иднината на Украина која е под инвазија од соседна Русија е во Северноатлантскиот воен сојуз, но на Киев не му врачија ниту покана ниту временска рамка за пристапувањето што го бараше украинскиот претседател Володомир Зеленски.
Исторемено, НАТО се откажа од барањето Украина да го исполни таканаречениот Акциски план за членство (MAP), што се толкува како ефикасно отстранување на пречките на пратот на земјата во Алијансата.
„Иднината на Украина е во НАТО… Ќе бидеме во позиција да ѝ упатиме покана на Украина да му се прудружи на сојузот кога сојузниците ќе се согласат и ќе бидат исполнети условите“, се истакнува во декларацијата.
Иако челниците на НАТО не ги прецизираа условите кои Украина треба да ги исполни, наведуваат во декларацијата дека Алијанската ќе му помогне на Киев „да постигне напредок во воената интеропераболност“, како и во „дополнителните реформи на демократскиот и безбедносниот сектор“.