![473699533_17883640737207091_6607787713519498768_n](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/473699533_17883640737207091_6607787713519498768_n.jpg?resize=696%2C696&ssl=1)
Дексион добива нова детска градинка, објави на Фејсбук градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
„Општина Ѓорче Петров и Министерството за социјална политика демографија и млади потпишаа договор за изградба на нова детска градинка за 120 дечиња!
-Локација: Населено место Дексион
-Вкупна инвестиција: 82 милион денари
-Површина: 900 метри квадратни
-Најмладите од општината ќе имаат можност за квалитетен престој и развој во средина која ги подготвува за училишни успеси.
Продолжуваме со реализација!
Во тек е изградбата и на градинката во населено место Стопански двор, а наскоро започнуваме со процесот за апликација на нова градинка во Александрија.
Заедно создаваме подобра иднина за нашите најмлади жители!“, пишува Стојкоски во својата објава.