Дел од Центар утре без вода

Поради дефект на огрлица од ф – 80 мм, на булевар Мито Хаџивасилев Јасмин број 52, во периодот од 8.30 до отстранување на дефектот, без вода ќе биде    гимназијата „Јосип Броз Тито“, театарот и стамбената зграда до него.

Исто така, поради изведување на водоводен приклучок од Ф – 80 мм на раскрсницата меѓу улиците Кукушка и Јордан Хаџи Константинов Џинон, во периодот од 8.30 часот па се’ до завршување на работите, без вода ќе бидат корисниците од улиците: Јордан Хаџи Константинов Џинот, Кукушка, Димитрие Туцовиќ, Аминта Трети, Пајак и Крсто Баиќ.