Дел од Центар утре без вода

Поради дефект на улична водоводна мрежа на крстосницата на улицата „Франклин Рузвелт“ и на булеварот „Партизански одреди“, утре, без вода ќе останат корисниците од дел од булеварот „Партизански одреди“, дел од улица „Борка Талевски, како и дел од улица „Франклин Рузвелт“.

Како што соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, прекинот ќе трае од 8:30 часот до завршување со интервенцијата.