Дел од корисниците лоцирани на улица „Црниче“ во општина Кисела Вода денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-80 мм на улицата „Кратовска“ број 2.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато сѐ додека не се санира дефектот.