Дел од извештаите на светските медиуми за изборите во Македонија

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Дел од извештаите на светски медиуми/агенции за претседателските избори во државава:

Beta
– Во првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија води кандидатот на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), врз основа на повеќе од половина од гласачките ливчиња обработени од избирачките места. Според веб-страницата на ДИК, Силјановска Давкова добила 197.741 глас или 37,80 отсто на 59,61 отсто од избирачките места, а нејзиниот главен противкандидат, претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, кој е поддржан од владејачката СДСМ, доби 97.592 гласови или 18,66 отсто.

Reuters
– Северномакедонскaтa претседателскa кандидаткa Гордана Силјановска-Давкова има големо водство пред актуелниот претседател Стево Пендаровски со преброени гласови од речиси 70 отсто од избирачките места во средата, но и на двaта кандидата имаат многу помалку од 50 отсто потребни за целосна победа во првиот круг. Силјановска-Давкова од десничарската ВМРО-ДПМНЕ имаше 38,71 отсто гласови, а социјалдемократот Пендаровски со 19,02 отсто, соопшти Државната изборна комисија. Бројките сугерираат дека ќе има втор круг меѓу двајцата водечки кандидати, на 8 мај. Гласањето за главно церемонијалното претседателство се смета за латмус- тест за парламентарните избори следниот месец на кои ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги собори владејачките проевропски и централно-левичарски социјалдемократи.

БТА
Со 59,59 отсто од гласачките ливчиња обработени од Државната изборна комисија, претседателскиот кандидат предложен од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска води со 37,80 отсто пред останатите кандидати на претседателските избори во Северна Македонија. Вториот резултат е за претседателот на државата и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски – 18,66 отсто, за Бујар Османи, номиниран од коалицијата „Европски фронт“, предводена од најголемата албанска партија ДУИ Бујар Османи гласале 15,63 отсто од гласачите.

Der Standart
Скопје – На претседателските избори во Северна Македонија, конзервативната кандидатка Гордана Силјановска-Давкова јасно надвладеа против актуелниот претседател Стево Пендаровски. Според првичните резултати, кандидатката од опозициската ВРМО-ДПМНЕ добила 36,99 отсто од гласовите, Пендаровски 18,18 отсто. Следува министерот за надворешни работи Бујар Османи со 16,44 отсто. Бидејќи никој не постигна апсолутно мнозинство гласови, ќе има втор круг избори на 8 мај.