Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека на ден 25.09.2024 година (среда), без вода ќе остане дел од Карпош.
Поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул.„Леринска“ бр.51, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од ул.„Ловченска“ и дел од ул.„Леринска“ од 09:00 часот до завршување.
Улиците се наоѓаат во општина Карпош.