Поради уличен дефект утре без вода за пиење ќе биде дел од Кисела Вода, а со намален притисок е моќно и краток период без вода да биде и високата зона Аеродром и Ново Лисиче.
ЈП „Водовод и канализација“ соопшти дека утре од 8:30 часот поради уличен дефект ф-700 мм, на ул.Христо Татарчев кај кружниот тек на влез на ул.2 во населба Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Христо Татарчев од ул.1 до ул.11, булеварот Борис Трајковски од ул. 2 до ул. 10, Фабрика Цементара, бензинските пумпи и Супер Тинекс и Рамстор на булевар Борис Трајковски, Сервисна зона југ (сите фирми) дел од ул. Христо Татарчев.
Со намален притисок и можно е и краток период, без вода да останат корисниците од висока зона Аеродром и Ново Лисиче.