Полицијата утрово евакуирала дел од Лондон поради безбедносно предупредување за „сомнителен пакет”.
Вооружени полицајци и специјални тимови со кучиња трагачи патролираат по неколку улици улиците на Ливерпул и Мооргат.
Очевидци велат дека возовите се движат нормално, но улиците во близина на станиците се затворени.
Полицајците биле распоредени во улицата Вилсон „по извештајот за сомнителен пакет во областа”. За сомнителниот пакет било прјавено во 9.52 часот.
Операцијата се случува откако британските безбедносни служби и понатаму се на високо предупредување по обидот за бомбашки напад во лондонското метро минатата недела.
Националното ниво на закана од теророристички напад беше подигнато до „критично” по експлозијата, која повреди 30 луѓе, но оттогаш се врати на „тешка”, што значи дека понатамошните напади се сметаат за многу веројатни.