Дел од населба Лисиче утре ќе остане без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје,  по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје,   ги  известува граѓаните дека,  на ден 23.05.2023 година (вторник):

Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа на ул. Мите Богоевски, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од улиците: Мите Богоевски и Жорж Бизе.

Овие улици се во населба Лисиче, општина Аеродром.