Дел од Општина Аеродром без струја

Без електрична енергија денеска од 8:30 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Мите Богоевски“ – подулици број 3, 4, 5 и 7 во Општина Аеродром.

Прекинот, како што соопшти РЦУК – Скопје, е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.