Прекин во водоснабдувањето денеска од 11:30 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на булеварот „АСНОМ“, ниска зона.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради поради уличен дефект на цевка со профил од 200 милиметри на крстосницата од булеварот „АСНОМ“ и улицата „Февруарски поход“.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.