![bez-struja](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/bez-struja.jpg?resize=640%2C396&ssl=1)
Корисниците од улицата „11 Октомври“ во општина Центар со број 86 и број 52 утре од 10:00 до 12:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички интервенции во електродистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.