
Корисниците од улицата „Даме Груев“ во општина Центар на потегот меѓу крстосниците со улиците „Димитрие Чуповски“ и „Македонија“ утре од 8 до 14 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е реконструкција на водоводна мрежа со пречник од 80 милиметри во близина на Т.Ц. Плаза.