Дел од општина Карпош утре без вода

Од Водовод и канализација-Скопје известуваат дека поради поврзување на нова линија утре без вода ќе бидат дел од жителите на општина Карпош.

„Ве известуваме дека на ден 10.03.2018 поради поврзување на нова линија од Ф-225мм на Булевар Партизански Одреди и Митрополит Теодосиј Гологанов, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од С.У.Ц. Здравко Цветковски и комплексот околу Г.У.Ц, од 08:30 часот до 15:30 часот“ , соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје