
ЕВН ги известува граѓаните дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија денеска (12 јануари) ќе останат следните корисници:
– од 08:30 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Киро Крстевски. (Општина Кисела Вода)
– од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од делови од улиците: Раде Јовчевски Корчагин, Охридска, Преспанска, Петричка и Ѓуро Ѓоновиќ. (Општина Центар)
– од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од стопанските и нестопанските објекти на дел од ул. Новопроектирана во Индустриска зона – Визбегово. (Општина Бутел)
– од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од с. Смесница. (Општина Зелениково)
– од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Чифлик. (Општина Сопиште)