Дел од Скопје утре без струја, а булеварот „Илинден“ и дел од „ВМРО“ без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека:

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, на ден 31.05.2022 година (вторник) , без електрична енергија ќе останат следните корисници:

•од 09:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. Крсте Раковски бр. 3 и ул. Шидска бр. 4, бр. 6, бр. 8 и бр. 26. (Општина Ѓорче Петров)

•од 10:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Ениџе Вардарско бр. 1 и бр. 2. (Општина Кисела Вода)

•од 10:00 до 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Иван Цанкар во нас. Влае. (Општина Карпош)

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека:

на ден 31.05.2022 година, (вторник)

•Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-300 мм на бул. Илинден, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од бул. Илинден и дел од бул. ВМРО, ( зградите од блок 12 и објектот на Владата). (Општина Центар)