Дел од знамето на адмиралот Нелсон продаден за 300.000 фунти

Дел од знемето на Обединетото Кралство под кое во 1805 година адмиралот Хорацио Нелсон, предводејќи ја Кралската поморска флота од 27 бродови ги порaзил и уништил бројно посилните француски и шпански флоти западно од ’рт Трафалгар, е продадено на наддавање во Лондон за 300.000 фунти.

Експонатот е дел од предметите поврзани со адмиралот Нелсон понудени на наддавањето организирано во средата од аукциската куќа Sotheby’s, а заинтересираните, меѓу другото, можеа да наддаваат за личните писма на адмиралот, неговото оружје како и неговиот познат ковчег со шишиња и чаши за грог.

Портпретот на љубовницата на Нелсон, Ема Хамилтон, е продаден за 369.000 фунти, што е двојно повеќе од првичната процена.

Врамениот фрагент од знамето со големина 86 на 92 сантиметри, пак, првично беше проценет на 80 до 100 илјади фунти.

„Ова знаме носи прекрасна приказна. Употребено е на грандиозниот погреб на Нелсон, по неговото загинување во битка. Деловите ги расцепкале и сочувале неговите верни морнари кои го загубиле саканиот командант“, вело смецијалистот во одделот за книги и ракописи на Sotheby’s, Габриел Хитон.

Кон крајот на најважната поморска битка којашто се водела во текот на Наполеоновите војни во октомври 1805 година меѓу француската и британската морнарица, адмиралот Нелсон бил смртно ранет, но дотогаш веќе го осигурал своето место во историјата како најголем британски поморски херој. Велика Британија со таа победа ја стекнала целосната надмоќ на морњата.