Дeл Понте: Нема потреба од специјален трибунал за воени злосторства во Косово

Поранешната обвинителка во Хашкиот Трибунал Карла дел Понте изјавила дека нема потреба да се основа Специјален суд за Косово. Таа во изјава за швајцарското радио „SFR“ изјавила дека нема потреба од нов суд кога се знае дека Хашкиот трибунал е надлежен за судење на злосторствата во поранешна Југославија .

„Ако веќе има Трибунал  на ОН во Хаг, тогаш се чудам зошто е потребен Специјален суд во Косово“, рекла Дел Понте.