Дел Потро го победи Федерер во финалето на Индијан Велс

Аргентинскиот тенисер  Хуан Мартин Дел Потро го освои мастерс турнирот во Индијан Велс откако во финалето беше подобар од светскиот број 1, Роџер Федерер и ја прекина неговата спектакуларна низа од 17 победи по ред сезонава.

За Дел Потро ова е 22 освоен турнир во кариерата, но и прва титула на некој од „мастерс 1000“ турнири, како и најголема турнирска победа по освоениот УС Опен во 2008 година.

Аргентинецот до победата дојде во три сета, при што спасуваше три меч- топки (6:4, 6:7 и 7:6).

ДелПотро го освои првиот сет благодарение на брејкот во петиот гем, а Федерер ја искористи дури седмата сет-топка во вториот сет. Пред да го земе сетот Швајцарецот мораше да спасува и една меч-топка на Аргентинецот.

Третиот сет донесе уште повеќе драматика. Федерер при резултат 4:4 по прв пат му го одзеде сервисот на Дел потро, а кога сервираше за мечот не искористи три меч топки, две врзани при резултат 40:15 и уште една предност. Аргентинецот ја искористи моќноста па со брејк стигна до 5:5, за да доминира во тај-брекот.

Ова беше 25 меѓусебен дуел на Дел Потро и Федерер и седма победа на Аргентинецот.