![GettyImages-1026327946](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/GettyImages-1026327946.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Американецот Џон Иснер во четвртфиналето на УС Опен ќе игра против Агентинецот Хуан Мартин дел Потро, откако двајцата тенисери славеа во осминафиналето на „Флешинг Медоуз“. Иснер во осмина-финалето го победи Канаѓанецот Милош Раониќ, а Дел Потро беше подобар од Хрватот Борна Чориќ.
Аргентинецот го задржа максималниот учинок во мечевите во осминафиналињата на УС Опен и шести пат во кариерата обезбеди место меѓу осумте најдобри на последниот Грен слем турнир сезонава.
Третиот светски играч го победи младиот Хрват со 6:4, 6:3 и 6:1 за два часа и 17 миинути, но прашање е каков ќе беше резултатот ако Чориќ немаше проблем со повредата на бутниот мускул.
Дел Потро прв направи брејк за водство од 3:1, но Чориќ брзо возврати и намали на 4:3, а во маратонскиот десетти гем на сервис на Хрватот, Аргентинецот ја искористи четвртата сет топка за водство од 1:0. Аргентинецот во вториот сет стартуваше идентично, но тогаш Чориќ побара медицински тајмаут поради повредата по која не можеше дда даде вистонски отпор.
По брејкот во првиот сет при резултат 5:4 ми се зголеми самодовербата, ја подобрив играта, а потоа видов како Борна има проблем со движењето. Бев фокусиран во третиот сет и подобар од него во претходниот дуел. Не ми беше лесно поради големата влажност на воздухот, кажа Дел Потро.
Во четвртфинале Дел Потро ќе игра против Џон Иснер, кој беше подобар од Раониќ со 3:2 (3:6, 6:3, 6:4, 3:6, 6:2).