Делчевец „заработи“ кривична пријава за фалсификување пари откако полицијата го фатила дека пуштил во оптек 12 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра.
Според полицијата, Ш.М. (26) од непознато лице ги набавил фалсификуваните банкноти и на четврти декември лани ги пуштил во оптек во менувачница во Кочани.