Делегација од Катар во Израел го надгледува договорот за прекин на огнот

Делегација од Катар пристигнала во Израел во рамките на договорот за прекин на огнот во саботата, вториот ден од примирјето, кога се очекува ослободување на уште 13 израелски заложници во замена за 39 палестински затвореници, според новите податоци кои ги пренесуваат агенциите.

Претходно беше објавено дека Хамас во саботата ќе ослободи 14 израелски заложници во замена за 42 палестински затвореници, на вториот ден од примената на договорот меѓу Израел и споменатото исламистичко движење кој вклучува и четиридневен прекин на огнот во палестинската енклава Појасот Газа.

Договорот меѓу Израел и Хамас предвидува размена на 50 заложници за палестински затвореници, а Египет навести дека четиридневното примирје би можело да биде продолжено за ден или два.

Портпарол на израелската армија за францускиот телевизиски канал BFMTV рекол дека се очекува 13 израелски заложници да бидат ослободени во саботата, а од израелските затвори за возврат треба да бидат ослободени 39 Палестинци.

Катарската делегација, исто така, со израелските функционери ја координирала постапката на обезбедување на траење на примирјето и предавањето на заложниците, пренесува Reuters. Покрај тоа, доаѓањето на катарската делегација во саботата во Израел е исористено да се направи обид да се разговара за можно продолжување на прекинот на огнот.

Дипломатски извор за германската новинса агенција DPA рекол деке делегацијата е дел од катарскиот оперативен тим за војната во Појасот Газа и е задолжена да разговара за натамошните чекори во спроведуваењ на договото, како и со посредниците во катарската престолнина Доха.

Тимот би требало да осигури „работата да продолжи лесно да се одвива, како и да продолжат разговорите за другите поединости од сегашниот договор“, рекол дипломатот за DPA.

Катар и Египет се сметаат за важни посредници во војната во Појасот Газа меѓу Израел и Хамас. Катар, во кој има важни за регионот на Персискиот залив воени бази на САД и Турција, со години одржува тесни врски со Хамас, кој има политичка канцеларија во катарската престолнина Доха, како и движењето Талебан и каде со одржуваа американско-талибанските преговори за повлекувањето на странските трупи од Авганистан. Меѓутоа, Катар нема формални дипломатски односи со Израел.