Делегација на Комисијата за безбедност на Претставничкиот дом на Парламентот на Чешката Република денеска престојува во официјална посета на Република Македонија.
Членовите на делегацијата во Собранието на Република Македонија ќе имаат средба со Сашо Аќимовски, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност и членовите на ова собраниско тело, како и со Петре Шилегов, претседател на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Чешка.