
Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од заменик-министерот Земри Ќамили денеска и утре во Тирана учествува на регионален самит за борба против насилен тероризам, кој го организира Министерството за внатрешни работи на Албанија.
– Во рамки на предвидените панел-сесии, заменик-министерот Ќамили учествува со свое обраќање поврзано со улогата на локалните власти во борбата против насилниот екстремизам, во насока на истакнување на врската која постои меѓу локалните заедници, невладините организации и националните влади во решавање на прашањето на насилниот екстремизам на Балканот, соопшти МВР.