
Делегација на Парламентарното собрание (ПС) на НАТО од Поткомитетот за трансатланска одбрана и безбедносна соработка и од Поткомитетот за демократско владеење на Република Македонија денеска ќе има средба со Ермира Мехмети, шеф на делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на НАТО, членовите и замениците-членови.
Како што е најавено, членовите на делегацијата на ПС на НАТО од Поткомитетот за трансатланска одбрана и безбедносна соработка ќе имаат средба и со Сашо Аќимоски, претседател на Комисија за одбрана и безбедност при Собранието на Република Македонија и со членовите на комисијата.