Делегација на ВМРО—ДПМНЕ оствари средба со Генералниот Секретар на Европската народна партија, Антонио Лопез Истуриз, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
На средбата соговорниците се осврнаа на резултатите од Претседателските избори и на идните стратешки приоритети на Партијата како и поддршката на ЕНП во таа насока. Взаемно беше заклучено дека одличниот резултат треба да претставува стимул за следните парламентарни избори. Лопез Истуриз беше информиран и за бројните злоупотреби кои се случија помеѓу првиот и вториот круг на гласање, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од паријата истакнуваат дека соговорнците се согласија дека е потребно да се продолжи со создавање на цврста рамка за понатамошно партиско надградување, и тоа примарно изработка на нова програма која ќе даде одговор на бројните предузвици и проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Се разговараше за ангажирање на врвни експерти од сите области кои би ги имала програмата, а се разменија и позитивни искуства од сестринските партии на ЕНП. Лопез Истуриз ја потврди силната и недвосмислена поддршката на ЕНП за ВМРО—ДПМНЕ во тие процеси.