Делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе пред споменикот на паднатите херои на Мечкин Камен (ФОТО)

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена до генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски, во понеделникот положи цвеќе и изрази длабока почит пред споменикот на Илинденците на Мечкин Камен.

Во партиската делегација, покрај Мицкоски, беа и пратеникот Антонио Милошоски, и Дијана Транталоска и Златко Перински, сите членовина Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска најпрво на сите граѓани на Република Македонија од името на партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ да им го честитам најголемиот слободарски празник на нашата држава Илинден и во тој спомен денеска дојдовме да положиме букет пред споменикот на паднатите херои на Мечкин Камен“, истакна Милошоски и додаде дека тоа го прават денес од неколку причини.

„Прво затоа што сметаме дека овој Илинден е премногу важен, за на истиот да им дадеме легитимитет на нелегално избрани функционери. Второ, затоа што имаме огромна чест како партија, којашто ги полага своите корени на историското ВМРО, како современа генерација да им одадеме почит на паднатите жртви за Крушевската Република, којашто е темел на современа Република Македонија. И трето, ги повикуваме повторно сите наши членови, симпатизер и граѓани кои сметаат дека оваа порака е соодветна да се воздржат од давање легитимитет на прослави организирани од владата на СДС и ДУИ, затоа што цениме дека можно е со такви некои одлуки коишто го иритираат народот, како одлуката на господинот Џафери да се обрати тука на Мечкин Камен, да се создадат некои услови или некој да смислил некои намерни инциденти коишто можат да ја нарушат честа и достоинството на Илинден, како еден голем македонски слободарски празник“, подвлече Милошоски