
Делегација од Градот Скопје учествува на дводневната Конференција за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија што се одржува во Фрајбург, Германија.
Освен од Градот Скопје, на конференцијата во Фрајбург присуствуваат претставници од Подгорица, Сараево, Загреб и од Тирана, а гостуваат и експерти од САД, Јапонија и од Јужна Америка.
Претставниците на градовите од Балканот што се членови на Мрежата на енергетски ефикасни градови на оваа конференција имаат можност да разменат мислења и да разговараат за енергетската ефикасност, за обновливите видови енергија, менаџментот на отпадот, за ефикасниот транспорт и транспортните системи вклучувајќи го тука и велосипедскиот транспорт, за користа од енергетски ефикасни фасади и за намалување на емисиите на јаглеродиоксид. Дел од Конференцијата е посветен на Односите со јавност и организацијата на Денови на енергетска ефикасност во главните градови на државите од Балканот, коишто во Скопје ќе се одржуваат од 25 до 27 ноември.