![Sredba so delegacija Nancang 2016 (2) Делегација од Нанчанг во посета на Град Скопје](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/Sredba-so-delegacija-Nancang-2016-2.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска остварија средба со делегација од збратимениот град Нанчанг, Народна Република Кина.
Делегацијата од Нанчанг е предводена од Веи Гуохуа (Wei Guohua) заменик директор на Извршниот комитет на Народниот конгрес на Нанчанг, а во делегацијата има претставници од локалната и од регионалната власт од областа на меѓународната соработка, културата и односите со јавноста.
Градоначалникот Трајановски на гостите им пожели добредојде и изрази надеж дека истите ќе имаат убав престој во Скопје. Тој потенцираше дека Скопје и Нанчанг имаат богата историја на успешна соработка во многу области и изрази надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.
– Скопје и Нанчанг се збратимени 31 година, а ова е втора година по ред во Скопје да се одбележи Кинеската Нова година со настап на културнен асамбл од Нанчанг. На средбата разговаравме за соработката помеѓу двата града, која
е добра, како и за повеќе форми за продлабочување на истата. Во насока на продлабочување на соработката планираме во текот на оваа година делегација од Скопје да го посети Нанчанг, а како потенцијални области за развивање на соработката се економската соработка и туризмот, кажа градоначалникот Трајановски.
Господин Веи Гуохуа се заблагодари за убавиот прием и ги пренесе поздравите од жителите на Нанчанг, притоа упатувајќи покана до жителите на Скопје и Македонија да ја посетат Кина и Нанчанг.
Вечерва во 19:30 часот во Македонскиот народен театар, по повод Кинеската Нова година ќе се одржи музичка и танцова претстава на културниот ансамбл од Нанчанг.