Висока делегација на Република Македонија, предводена од Заменик Претседателот на Влада на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, во чиј состав е и министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски, ќе учествува на Самитот на НАТО, кој се одржува во Варшава, Република Полска во периодот од 8 до 9 јули 2016 година.
Министерот Попоски ќе се обрати на состанокот на шефови на држави и влади посветен на Авганистан, а за време на Самитот ќе оствари и повеќе билатерални средби.