Во спомен на загинатите припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски Бачила во 2001 година, делегација од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Влатко Ѓорчев, Весна Дамчевска Илиевска и Дејан Јовановски како и делегација од ОК Бутел предводена од Дарко Костовски и Јохан Тарчуловски денеска положија цвеќе пред споменикот на загинатите во Љубанци.
На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на две противтенковски мини. Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.