
Заедничката активност на полициските сили од двете земји Андонов ја оцени како исклучително значајна, особено, како што рече, во делот на сузбивање на транснационалниот организиран криминал, илегалната миграција и криумчарењето мигранти.
– До крајот на годината се очекува уште еден контингент словачки полицајци да пристигне во Македонија, што ќе биде петти по ред, а за следната година ќе се склучуваат нови договори, рече Андонов и нагласи дека на оваа локација моментно има 25 словачки полицајци.
Тој оцени оцени дека во последно време многу е намален бројот на илегални преминувања на границата и потенцира дека соработката на земјите од „балканката рута“ и земјите од ЕУ треба да биде добар пример за вклучување на сите останати земји во решавањето на бегалската криза.