
Вештачки предизвиканата криза од опозицијата многу лошо влијае врз привлекувањето на странски инвестиции, истакна Христијан Делев, заменик министер за економија и дел од владиниот тим за привлекување на странски инвестиции, на денешната панел дискусија од кампот на „Чуварите на демократијата“.
-Пред 9 години Македонија беше една од најлошите држави во Европа за инвестиции, каде што впрочем и немаше никакви инвестиции од странство, сега, пред оваа криза, ние сме најповолната бизнис дестинација во Европа и пошироко. Сите реформи кои ги направивме придонесoa да имаме огромен број на странски инвеститори. Само лани, Владата потпиша 25 договори за странски инвестиции и компаниите кои донесоа одлука за инвестиции почнаа веќе да ги градат фабриките. За оваа година, веќе во фаза на преговори има повеќе од 20 компании и не случајно бројот на невработени во Македонија се намалува.
Ние деноноќно работиме како да ги задржиме тие компании што веќе одлучиле да инвестираат или веќе градат фабрики во Македонија.
-Опозицијата на чело со Зоран Заев се до тој степен расипани да им имаат пратено писма до сите тие компании да им кажат- чекајте, не инвестирајте, ние ќе дојдеме на власт, а со нас многу полесно ќе се договорите. За некој да направи такво нешто, треба воопшто да не си ја сака државата и да нема никаква самопочит.
Делев најави дека сепак Владата нема да застане тука и ќе продолжи со роудшоуата и привлекувањето на странските инвестиции.
Во продолжение погледнете го целиот говор на Делев од кампот на „Чуварите на демократијата“.