Делев: Власта ќе ја задолжи државата за нови 26.5 милиони евра

Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција истакна дека влада на СДСМ неосновано се задолжува.

-Неодговорната власт на СДСМ денес  ќе ја задолжи државата за нови 26.5 милиони евра. Лошата и расипничка економска политика на власта ги води граѓаните кон сиромаштија. Нејасно е за што ќе се трошат овие пари, ако знаеме дека од почетокот на годинава до сега ја за задолжија државата со еврообврзница од пола милијарда евра и со 136 милиони евра на домашниот пазар. Со ова денешно задолжување вкупната сума на задолженост од јануари до сега изнесува неверојатни 662 милиони евра. Граѓаните прашуваат на што потроши СДСМ над 600 милиони евра за неполни два месеци?, прашува Делев.

Тој истакнува дека расипништвото на СДСМ од почетокот на нивниот мандат до сега ја чини државата енормни 1.4 милијарди евра.

-Дополнително власта треба да објасни и на што се потрошени 266 милиони од државните девизни резерви.  Тоа се 11% намалување во државните девизни резерви во односс на 2016 година. Власта манифестираше целосна неодговорност и незнаење за менаџирање со економијата и парите на граѓаните. Економијата тоне. За првите три квартали во 2017 година БДП е под нула. Стотици стечајци се оставени без основни средства за егзистенција. СДСМ предизборно ги излажа и стечајците, и тие се револтирани и разочарани, над 2/3 од стечајните работници не се опфатени со законот кој  го изгласа СДСМ, посочи Делев.

Делев нагласува дека СДСМ доживеа целосен дебакл на економски план и тоа тие го знаат.

-Од опозиција не испуштаа прилика да ги критикуваат економските мерки на ВМРО-ДПМНЕ, сега не пропуштаат прилика по светските форуми и саеми да се фалат со добрата бизнис клима која ја има нашата држава, благодарение на квалитетните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ. Неспособноста и катастрофата на економски план се обидуваат да ја покриваат со лаги. Анѓушев мислејќи дека граѓаните се со кратко паметење ги презентираше странските инвестиции договорени и донесени од ВМРО-ДПМНЕ како успех на СДСМ. Ваквите манипулации беа веднаш разоткриени од јавноста, а Анѓушев сам се увери во народната „на лагата и се кратки нозете“. Капиталните  проекти беа стопирани. Ниту еден нов автопат не е отпочнат, додека работата на постојаните на повеќе наврати беше во застој.  Ништо од веутвањето за 600 километри нови автопати и 550 километри нови магистрални патишта. Ветуваа стабилна и просперитетна економија, донесоа несигурност и енормни задолжувања. Ваквата неспособност ја носи државата кон банкрот, а граѓаните во сиромаштија, вели Делев.