Дело на Моне продадено за 74 милиони долари

Ремек-делото на францускиот импресиотнистички сликар Клод Моне под наслов „Езерце со водни лилјани“ продадено е на наддавање во четвртокот во Њујорк за 74 милиони долари, во текот на исклучителна вечер на аукциската куќа Christie’s која остварила продажба од вкупно 640 милиони долари.

Аукцискате куќа Christie’s, во сопственост на холдингот „Artémis“ на францускиот милијардер Франсоа Пино, и нејзинио конкурент Sotheby’s, која му припаѓа на француско-израелскиот милијардер Патрик Драи, се среде есенската аукциска сезона која трае од 7-ми до 15-то ноември. Двете куќи се надеваат дека ќе надминат рекорди и ќе заработат милијарди долари.

На наддавање на Sotheby’s во средата вечерта беше продадено делото Пабло Пикасо „Femme A La Montre“ („Жената со часовник“) од 1932 година за 139 милиони долари, што е второто најскапо дело на шпанскиот уметник кој почина во 1973 година.

Со тоа Sotheby’s веќе дојде на повеќе од 400 милиони долари заработка на аукциите оваа седмица. Christie’s, пак, веќе е на сумата од 748 милиони, вклучително и 640 милиони дилари само од четвртокот вечерта. Тоа е рекордниот износ собран во една вечер од продажбата на уметнички дела на различни колекционери од 2017 година, соопштија од Christie’s.

Врв на наддавањето во четвртокот вечерта беше сликата „Езерце со водни лилјани“ на Клод Моне, првично проценета на 65 милиони долари а беше продадена за 74 милиони долари. Три слики на Пол Сезан, меѓу коли и „Овошје и тенџере со ѓумбир“, се продаден за речиси 39 милиони долари.