- Делото за кое се гони групата на Беким Незири е меѓународно кривично дело воведено во македонското законодавство во време кога самиот Незири бил министер за економија.
- Незири и тројца осомничени не се во притвор, но обвинителството не се откажува од таа мерка и поднесе жалба откако не им беше определен. Барањето ќе се разгледува откако адвокатите ќе ги достават одговорите за што имаат рок до утре наутро.
- Кривичниот суд смета дека не ја загрозил истрагата со своето соопштение во кое за да го оправда отфрлањето на притвор за приведените, скрати дел од членот Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.
Кривичното дело по член 303, став 2, по кое се гонат осуммината од групата на Беким Незири за упадот во контролата на летање е ставено во Кривичниот законик на крајот на декември 2015-та во време кога министер за правда и предлагач е исто од ДУИ како и Незири (министер за правда беше Аднан Јашари). Незири кој е осомничен во истиот период беше министер за економија, наведува ТВ Телма.
Тој член е согласно меѓународните обврски на Македонија, произлезени од Конвенцијата за сузбивање на незаконски дејства против безбедноста на цивилната воздушна пловидба потпишана во Монтреал на 24 февруари 1988 година.
„За да се изврши усогласување со Протокол за сузбивање незаконски дејства на насилство на аеродроми, кои се користат за меѓународна цивилна воздушна пловидба, како надополнување на Конвенцијата за сузбивање незаконски дејства против безбедноста на цивилната воздушна пловидба се предлага нов став 2 со кој се инкриминираат дејствијата со кои се загрозува безбедноста на аеродром за меѓународна цивилна авијација, уреди или авион кој не е во употреба или со кои се попречуваат услугите на аеродром“, се вели во образложението за измена на Кривичен Закони за член 303, став 2, од декември 2022 година.
Одлуката поминала и изгласана е на собраниска седница на 22 декември во 2015-та, а групата предводена од Незири е прва врз која се применува ова меѓународно кривично дело против безбедноста во воздушниот сообраќај.
Судот првично не им определи притвор, но, обвинителството поднесе жалба. Адвокатите имаат рок до утре наутро во 10 часот да приложат одговори. Судот, пак, како што откри Телма, го искасапи ставот по кој се гонат осуммина, а денеска оттаму тврдат дека соопштението е испратено во насока на транспарентност без тоа да ја загрози истрагата.
„Соопштението во ниту еден дел не обелоденува податоци кои може да ја загрозат истрагата или да ја нарушат пресумцијата на невиност туку дава објаснување од судската праска за тоа кои елементи се неопходни да се исполнат при постапување во претходна постапка за конкретно кривично дело на кое се однесува предлогот“, одговорија од Кривичен суд Скопје.
Од судот тврдат дека за останатите четири лица кои се недостапни, а осомничени, нема никакво барање за мерки или распишување потерници. Меѓу избеганите е и лицето Ерсен Сали, кој има условна затворска казна, затоа што со пиштол пукал во човек пред три години на Пластичарска.
Целиот текст на линкот