Поради закажани технички зафати во системот, без електрична енергија утре од 08-13 часот без струја ќе останат корисниците од зграда број 37 на бул. „Партизански Одреди” – сите становии стопански објекти во Општина Центар.
Прекин на електрична енергија од 9 до 12 часот ќе имаат дел од ул. „Генерал Михајло Апостолски” во општина Аеродром, а од 9 до 15 часот од улиците „Мариовска”, „Мегленска” и „Милан Мијалковиќ” во општина Кисела Вода, како и дел од корисниците од улиците „Пандил Шишков”, „Коста Новаковиќ” и дел од бул. „Трета Македонска Бригада” околу крстосницата со ул. „Коста Новаковиќ” во општина Аеродром.