Делови од Центар и Гази Баба без вода

Заради технички зафати во дистрибутивната водоводната мрежа, денеска без водоснабдување ќе останат следните корисници:

•Поради уличен дефект на водоводна мрежа ф 6/4 “ на ул.Петар Поп Арсов бр.40 ,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од бул.Митрополит Теодосиј Гологанов и дел од корисниците од ул,Костурски Херои ,Борка Талески ,Петар Поп Арсов ,9 -ти Мај, Христо Смирненски,Роза Луксембург и дел од ул.Васил Стефановски од 08:00 часот до завршување.(општина Центар)

•На ден 02.02.2022 год поради замена на водоводен затварач (шибер ) ф 150мм на ул. Перо Наков, прекинато водснабдување ќе имаат корисниците од ул.Перо Наков на потег на ул Киро Глигоров до Кванташки пазар.Водоснабдувањето ќе биде од 09:00 часот до завршување (Гази Баба).