Делови од Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода утре ќе останат без струја

ЕВН Македонија, известува дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 22.11.2024 година, без напојување со електрична енергија ќе останат:

Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците дел од ул. „Козле“, дел од објектите над КАМ-маркет кон Центар. (општина Карпош)

Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на ул. „Ѓорѓи Андреевиќ“ и ул. „Горно Лисиче“. (општина Ѓорче Петров)

Од 09:30 до 13:00 часот, корисниците на ул. „Јабланица“ бр.101 А. (општина Кисела Вода)