
Од 8:30 до 13 часот утре без снабдување со струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Јустинијан Први“, „Славка Динкова“, „Гандиева“, „Андреја Петковиќ“ и „Ниџе Планина“ во општина Кисела Вода.
Во периодот од 8:30 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Стив Наумов“, „Тетовска“, „Јосиф Јосифовски-Свештарот“ и дел од булеварот „Кочо Рацин“ во општина Центар.
Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.