Делови од Ленинова и потегот од Фонтана до Влада утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 15.11.2022 година ( вторник ) поради менување на вентил во шахта на ул. Аминта Трети бр.11а, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на интервенцијата без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Аминта Трети, како и дел од корисниците од бул. Илинден, на потегот од Фонтана Парк до Влада. ( општина Центар )