![133338800 скопје](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/12/133338800-3.jpg?resize=500%2C281&ssl=1)
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без електрична енергија од 8:30 до 11:30 часот ќе бидат дел од корисниците на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и ООУ „Гоце Делчев“, улицата „Градски ѕид“ бр. 34, а од 12 до 15 часот дел од корисниците од улицата „Радњанска“ и дел од улицата „Антоније Грубиши“ во општина Центар.
Без струја од 9 до 14 часот денеска ќе бидат и дел од корисниците на улицата „Скупи“ под улици „3а“ и улицата „5а“ во општина Карпош, а од 9 до 13 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „Сава Ковачевиќ“ од број 41 до 59 во општина Кисела Вода.
Прекинот со електрична енергија е поради технички зафати во електро-мрежата.